ОСНОВНИ
ЦЕЛИ
Градинката прави вовед во читањето, пишување и сметањето. Нејзини суштински цели се социјализација, развој на говорот , математика и пишување,,социоемоционалниот развој и личноста на секој ученик. Методите во градинката ги фаворизираат манипулацијата со предмети, откривањето, експериментирањето во различни домени: уметничко образование (ликовно-музичко ), физичко здравје и моторен развој откривање на светот околу нас (природо и општество)
Прва мала група 2-3 години деца родени во 2022 година
Мала група 3-4 години: деца родени во 2021 година
Средна група 4-5 години: деца родени во 2020 година
Голема група 5-6 години: деца родени во 2019 година
ПЕДАГОШКА
МИСИЈА
Градинката работи според воспитно-образовен а не згрижуваки модел. Таа претставува фаза на раното учење што ќе им овозможи на учениците да изградат цврсти основи кои ќе се прошират во основното образование и ќе им даде основа од тријазичност .
Наставна програма на градинката е дефинирана од Министерството за образование на Франција како подготвителна за основното училиште каде што се учи да се „стане ученик“ и да се развива и структурира јазикот (усниот јазик во приоритет, но и вовед во писмено изразување , за да се размислува за светот и да се почне со анализата на јазикот). Градинката е акредитирана и е под педагошка одговорност на францускиот инспекторат на зоната Југоисточна Европа- кој обезбедува надглед над спроведувањето на програмите и поопшто над квалитетот на нашата градинка/ училиште.
Градинката прима деца од 1 и пол година.
Ако има потреба, одвикнувањето од пелените се одвива во градинката. Големината на групите е ограничена на 20 деца со воспитувач и асистент кои ја спреведуваат наставата и се грижат за хигиената на децата. Во овие исклучителни услови на педагошко опкружување , но неопходни за изведување на активностите , може да започне првото рано учење што го сочинуваат угледот на француските градинки ширум светот.
Децата кои зборуваат и кои не зборуваат француски јазик можат да се запишаат во градинка во било која група.
Програмата на градинка е поделена на 5 домени на активности:
Француските програми во градинка се развиваат во 5 домени :
- Изучување на јазикот во сите негови димензии ( усно и писмено);
- Изразување, делување и разбирање преку физички активности (спорт, игри, танц и сл.);
- Изразување, делување и разбирање преку уметнички активности (сликање, цртање, пеење итн.);
- Востановување на првите алатки за структуирање на размислувањето (броење, споредување, организирање, итн.);
- Истражување на светот околу себе (откривање на науката, времето што поминува, светот околу нас, итн.).