Академската година во EFIS започна
Академската година во EFIS започна со топло добредојде за сите ученици, исполнето со дух на љубопитност и ентузијазам. Првиот училишен ден им понуди можност да ги откријат новите простории и обновениот училишен двор, создадени за поттикнување на учење, креативност и игра. Оваа инспиративна средина го одразува нашето посветување на извонредноста во образованието и развојот на секое дете.
ОБРАЗОВАНИЕ

ЗА ЕФИ
СКОПЈЕ
ЕФИС е основано во 1999 година. Француското интернационално училиште во Скопје сега има 96 ученици (градинка и основно образование).
Училиштето е сместено во зграда и се наоѓа во градска средина, близу до центарот на градот, во општина Карпош, каде се наоѓаат сите меѓународни училишта во Македонија и нуди погодни услови за развој и учење на секој ученик.
ЗОШТО ЕФИС СКОПЈЕ
Препознатливо по својата образовна филозофија, ЕФИC е едно од најпрестижните француски училишта во Македонија, кое комбинира образовни стандарди и хармоничност.
Изборот да му се придружите на нашето училиште значи избор на меѓународно образование во кое се почитува француската образовна програма. Наставните програми се загарантирани преку партнерството со АЕФЕ, а образовниот пристап се состои во насочување на нашите ученици кон светот.


ПЕДАГОШКИ ПРИСТАП
ЕФИС им нуди на своите ученици образование кое ги комбинира „најдоброто од двата света“, односно школување кое го комбинира образованието во француски стил со најдобрите елементи на меѓународното образование. Нашите наставници користат методи чија заедничка нишка е индивидуална и активна педагогија.