ПОСТАПКА
ЗА УПИС

Сакате да го запишете вашето дете во ЕФИС за учебната 2024/2025 година.

Училиштето ги прима учениците од сите националности во согласност со правилата кои ги регулираат француските установи во странство.

Како дел од процедурата за регистрација и критериумите за прием, сите апликации за упис се проучуваат внимателно и строго од страна на нашиот наставен тим, кој особено ја проценува способноста на учениците да се интегрираат и да успеат во нивното образование во нашата институција.

Уписот во нашата установа подразбира целосно почитување на нашите образовни вредности како и нашите правила за работа кои гарантираат кохезија на образовната заедница.

Придружните документи што треба да се прикачат при онлајн регистрација се:

ПОСТАПКА
ЗА УПИС

ПОСТАПКАТА ЗА УПИС ПОДРАЗБИРА 3 ЕТАПИ

1. Обработка на вашето досие и педагошки состанок

Откако досието ќе биде поднесено и разгледано од Оделот за прием, ќе ви биде понуден педагошки состанок во рок од 5 работни денови.

2. Одговор за упис

По состанокот на Комисијата за упис, местото на вашето дете ќе биде потврдено преку е-пошта во рок од 2 до 3 дена и ќе ви бидат побарани дополнителни документи.

3. Плаќање на уписнина

По потврдата за упис, ве покануваме да ја платите првата уписнина. Во случај на ваше повлекување, трошоците од првата уписнина нема да ви бидат вратени.
Уписот се потврдува само откако ќе се плати првата уписнина.

Maternelle

Градинка

од 2 до 6 години

Elementaire-

Основно училиште/одделенска настава

од 6 до 11 години

College-

Основно училиште/предметна настава

од 11 до 15 години