ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ
ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

Во основното училиште учат  деца од 6 до 11 години.

Програмите се  задолжителни за сите наставници и ученици.

Училиштето ги зема предвид повеќејазичноста  и различноста на способностите на секој ученик. Заедно со расудувањето и интелектуалното размислување  се развиваат и чувството за набљудување, вкусот за експериментирање, чувствителноста, моториката и креативната фантазија.

Наставата се изведува на француски јазик во согласност со програмите на француското национално образование, но од основниот циклус наставата на современи јазици е приоритет, со цел на учениците од најраните години да им се дадат клучевите на меѓународната средина во која тие се развиваат. .

Затоа, учениците имаат  3 часа неделно часови по македонски или албански јазик, почнувајќи од мала група, часови држени  од наставник по македонски или албански мајчин јазик.

Elementaire 2

Elementaire 1

ПЕДАГОШКА
ПРОГРАМА

Од средна група  се додава англискиот јазик, чие  изучување  е непречено до крајот на школувањето.

Важна забележка во врска со изучувањето на ФЛЕ (јазична поддршка за наставата на француски, како странски јазик) им овозможува  на учениците, со друг  мајчин јазик,  непречено да се прилагодуваат на  наставата на француски јазик.  Имено, детето кое не учи  од својот мајчин јазик без  културните обележја  на неговата  средина, а станало  дел од непознат јазичен свет, може да биде несигурно и да се најде во ситуација на  неуспех. Оттука и примената  на системот ФЛЕ, кој  овозможува влкученост на „двојазичен наставник“, како поддршка на одделенскиот раководител.