Approche pedagogique

ЕФИС им нуди на своите ученици образование кое ги комбинира „најдоброто од двата света“, односно школување кое го комбинира образованието во француски стил со најдобрите елементи на меѓународното образование. Нашите наставници користат методи чија заедничка нишка е индивидуална и активна педагогија.
Оваа комплетна понуда им овозможува да го изразат својот целосен потенцијал. Ние веруваме дека секое дете заслужува посебно внимание. Нашите мали одделенија и нашите стручени наставници ни овозможуваат да посветиме време на развојот на секое дете. Нашата активна педагогија во комбинација со вистинско меѓународно образование им обезбедува на учениците солидно интелектуално опкружување.

Нашите наставници употребуваат методи чија заедничка нишка е персонализацијата и активната педагогија. Диференцираните педагогии го ставаат ученикот во центарот на учењето и нашите наставници се стремат не само да развијат вештини специфични за предметот, туку и суштински квалитети како што се соработка, самодоверба, креативност или комуникација.