Enseignement des langues-

Во ЕФИС, почнувајќи од градинката, англискиот  и македонскиот  јазик,   се изучуваат  со по 2 часа неделно, од градинка учениците учат неколку збора, песни и почнуваат да прават неколку едноставни реченици: знаат да се претстават, да ја кажат возраста, да бројат, ….

Почнувајќи од прво одделение , учениците во  ЕФИС имаат 3 часа англиски и 3 часа  македонски / албански. Во тој период учениците имаат посистемски пристап кон изучуваниот  јазик. Тие учат да прават подолги реченици, речникот се збогатува… Покрај тоа, еден од  трите  часа  по англиски се користи за изучување на некој училишен  предмет според програмата на Министерството за образовани на Франција на англиски јазик. На пример, учениците изучуваат  наука и технологија на англиски јазик. Оваа специфичност значи дека нашите ученици продолжуваат да го развиваат своето ниво на англиски јазик и го поврзуваат со она што се учи на училиште. Целите на овие часови по наука и технологија  се оние на Француското министерство за образование  но одржани  на англиски јазик. Така воведот во пишувањето се прави постепено  за  нашите ученици добро да се изразуваат  на француски, англиски и македонски/албански јазик.