ПЕДАГОШКИ
МОДЕЛ

Образование според француските програми

Нашето училиште има слично образование како училиштата во Франција кое е водено од наставници назначени од Француското министерство за образование.

Тоа е педагошки иновативен и амбициозен проект кои им овозможува на децата од најмала возраст да го развиваат анализирачкиот и критичкиот дух (да разберат што правиме, што учиме и зошто тоа го правиме).
Индивидуалниот пристап ги доведува учениците до максимумот на нивниот потенцијал да развијат самостојност, приспособливост и одговорност.

За македонските ученици запишани во нашето училиште има изучување на македонски или албански јазик според програмите на Македонското министерство за образование.

Меѓународно училиште
Училиштето е отворено за ученици од сите националности,без разлика дали нивниот мајчин јазик е францускиот или некој друг јазик Ова престижно француско училиште ги насочува учениците кон светот и неговата разновидност.

Approche pedagogique

ПЕДАГОШКИ ПРИСТАП

ЕФИС им нуди на своите ученици образование кое ги комбинира „најдоброто од двата света“, односно школување кое го комбинира образованието во француски стил со најдобрите елементи на меѓународното образование.

ИЗУЧУВАЊЕ НА ЈАЗИЦИТЕ

Во ЕФИС, почнувајќи од градинката, англискиот и македонскиот јазик, се изучуваат со по 2 часа неделно, од градинка учениците учат неколку збора, песни и почнуваат да прават неколку едноставни реченици: знаат да се претстават, да ја кажат возраста, да бројат, ….

Enseignement des langues-