ОСНОВНИ
ЦЕЛИ

Градинката прави вовед во читањето, пишување и сметањето. Нејзини суштински цели се социјализација, развој на говорот , математика и пишување,,социоемоционалниот развој и личноста на секој ученик. Методите во градинката ги фаворизираат манипулацијата со предмети, откривањето, експериментирањето во различни домени: уметничко образование (ликовно-музичко ), физичко здравје и моторен развој откривање на светот околу нас (природо и општество)

Прва мала група 2-3 години деца родени во 2020 година

Мала група 3-4 години: деца родени во 2019 година

Средна група 4-5 години: деца родени во 2018 година

Голема група 5-6 години: деца родени во 2017 година

Maternelle

Maternelle2

ПЕДАГОШКА
МИСИЈА

Градинката  работи  според воспитно-образовен  а  не згрижуваки модел.  Таа  претставува  фаза на раното учење што ќе им овозможи на учениците да изградат цврсти основи кои ќе се прошират во основното образование и ќе им даде основа од  тријазичност .

Наставна програма на градинката  е дефинирана  од Министерството за  образование на Франција како подготвителна за основното  училиште каде што се учи да се „стане ученик“ и да се  развива и структурира јазикот  (усниот јазик  во приоритет, но и вовед во писмено изразување , за да се размислува за светот и  да  се почне со анализата  на јазикот). Градинката е акредитирана и е под педагошка одговорност на францускиот инспекторат на зоната Југоисточна Европа- кој обезбедува надглед  над спроведувањето на програмите и поопшто  над квалитетот на нашата градинка/ училиште.

Градинката прима деца од 1 и пол година.

Ако има потреба,  одвикнувањето од пелените се одвива во градинката. Големината  на групите  е ограничена на 20 деца со воспитувач и асистент  кои ја спреведуваат наставата и  се грижат  за хигиената на децата.  Во овие исклучителни услови на  педагошко опкружување , но неопходни   за изведување на активностите , може да започне првото рано учење што го сочинуваат  угледот на француските  градинки ширум светот.

Децата кои зборуваат и кои не зборуваат француски  јазик можат да се запишаат во градинка во било која група.

Програмата на  градинка е поделена на 5 домени на активности:

Француските програми во градинка се развиваат во 5 домени :

  • Изучување на јазикот во сите негови димензии ( усно и писмено);
  • Изразување, делување и разбирање преку физички активности (спорт, игри, танц и сл.);
  • Изразување, делување и разбирање преку уметнички активности (сликање, цртање, пеење итн.);
  • Востановување на првите алатки за структуирање на размислувањето (броење, споредување, организирање, итн.);
  • Истражување на светот околу себе (откривање на науката, времето што поминува, светот околу нас, итн.).