
Учениците од Француското интернационално училиште во Скопје (EFIS) одржаа новогодишен настап исполнет со музика, танц и сценски изведби. Настанот се одржа во Македонска Филхармонија и на прекрасен начин ја претстави креативноста и тимската работа на нашите ученици.

Децата од училиштето и градинката настапија со хорски изведби, танцови кореографии и драмски точки, покажувајќи самодоверба, талент и посветеност. Подготовките за настапот беа важен дел од образовниот процес, преку кој децата ги развиваат своите комуникациски вештини, сценски настап и креативно изразување.
Овој новогодишен концерт беше можност учениците да го споделат својот труд и напредок пред публиката, создавајќи незаборавни моменти и убави спомени. Ваквите настани имаат важна улога во градењето на самодоверба, чувство за припадност и позитивно училишно искуство.












