ГРУПАЦИЈА ОДИСЕЈ

Одисеј е меѓународна групација за француско образование низ целиот свет која нуди од градинка до гимназија, одлично образование со француска програма, иновативна педагогија и меѓународна отвореност. Сместена во Париз, Групацијата Одисеј е формирана од специјалисти за образование кои создадоа нова образовна група која ги спојува француското и меѓународното образование.

Одисеј брои 12 училишта во Европа, Африка и Азија кои се признаени од Француското министерство за образование. Одисеј исто така брои едно англофонско училиште акредитирано од Велика Британија: le British International College of Cairo.

Училиштата на Одисеј уште од градинката нудат повеќејазично училиште кое ги соединува францускиот, англискиот и матичниот јазик на државата домаќин. Јазиците ги предаваат француски и меѓународни наставници кои користат активна и индивидуална педагогија.

Учениците како актери во образованието стануваат посамостојни и стануваат идни отворени граѓани, благодарение на образованието „на француски начин“ кое се темели на човечките вредности. Учениците во училиштата на Одисеј пронаоѓаат вистинска заедница која ги отвора кон светот и им дозволува да се шират и да развиваат клучни вештини за да одговорат на предизвиците од 21 век.

Во секое училиште на Одисеј, образовните кадри се високо квалификувани и се трудат да го водат детето да успее во градењето на својата иднина во високото образование. Дипломите за нашите ученици се вистински пасош во светот и им ги отвораат вратите на најдобрите универзитети.

Групацијата Одисеј како призната од француските власти поради квалитетот и образовната понуда, склучи договор со Агенцијата за француско образование во странство (АЕФЕ), играјќи улога на образовен оператор и привилегиран партнер во мрежата на француското образование во странство.