ЕФИ Скопје
Француското интернационално училиште во Скопје во градинката прима деца од 2 годишна возраст а понтаму школувањето продолжува до 9-то одделение –предметна настава, последно одделение од основното училиште. Училиштето и градинката се акредитирани од француското Министерство за национално образование. Учениците се среќни и самостојни во работата. Наставниот тим се стреми да води диференцирани педагогии, особено да овозможи на секој да добие одлично ниво на француски јазик, но и да создаде идни едуцирани граѓани, отворени кон светот низ призмата на француските национални образовни програми. Она што го карактеризира EFIS е овој дух на отвореност и добронамерност постојано присутен за секој ученик и нивните родители, со што се создава кохезија од суштинско значење за академскиот успех. Оваа динамика околу амбициозните проекти и во смисла на педагошки иновации и отвореност кон светот со пристап до настава на три јазици за секој ученик и одговара на сликата на модерно училиште посветено на своите ученици. Нашето мото е : „Едно училиште, три јазика“
Наша амбиција е преку заедничката француска култура да направиме училиштето да биде најдобро во Скопје и во оваа прекрасна земја Северна Македонија но и да им овозможиме на учениците од нашата установа да се развиваат во меѓународен контекст каде што секој ќе ја изостри својата отвореност кон другите и светот.
Нашата педагошка работа која се одвива во мали одделенија каде се работи со меѓународни проекти, придонесува за потрагата по извонредност без да се заборави силната врска со македонскиот јазик и култура.
Со запишување на вашето дете во ЕФИС почнувајќи од градинката со прием на
2-годишни деца, нудиме можност учениците да ги изградат темелите за хармоничен развој во грижлива средина, совршено прилагодена на нивната возраст, но и нежно да започне вистинско солидено повеќејазично патување каде францускиот е комбиниран со англискиот и македонскиот јазик.
Во Француското интернационално училиште во Скопје, се обидуваме да демонстрираме „добронамерност“ барајќи од сите да дадат сé од себе, притоа давајќи им до знаење дека веруваме во нив и дека тие се способни да напредуваат. Целиот наставен тим, во постојан контакт со семејствата, ќе ги вложи сите сили и енергија за да му помогне на секој ученик да го постигне тоа.
Брис БЕРНАБЕ
Директор на ЕФИС