НАШЕТО
ВЕТУВАЊЕ

Препознатливо по својата образовна  филозофија, ЕФИC  е едно од најпрестижните француски училишта во Македонија, кое комбинира образовни стандарди и хармоничност.

Изборот да му се придружите на нашето училиште значи избор на меѓународно образование во кое се почитува француската образовна програма. Наставните програми се загарантирани преку  партнерството со АЕФЕ,  а образовниот пристап се состои во насочување на нашите ученици кон светот.

ЕФИС нуди повеќејазично образование уште од градинката, односно часовите се одржуваат на три јазика: француски/англиски (двојазичен систем) и македонски јазик. Мисијата на нашето училиште е ученикот да расте со почит кон другите и да стекне самодоверба. Овој систем има форма на педагошка организација, прилагодена на потребите на нашите ученици и на барањата на програмите.

5 ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ЕФИС

Одлично француско образование

ЕФИС е врвот на францускиот образовен систем, силна меѓународната мрежа, шанса во целиот свет. Францускиот образовен систем е познат во светот по својот квалитет. ЕФИС ги следи француските програми и затоа е признато од Француското министерство за образование.

Меѓународно образование

Примарно е учењењто на јазиците во стекнувањето на знење по разни предмети. Така во ЕФИС се почнува со два или три адаптирани јазика уште од градинка (француски, англиски, мајчин јазик)

Индивидуален пристап на работа

Наставниците во ЕФИС одат на обуки од Француското образование во текот на целата кариера. На тој начин можат да се приспособат на различниот ритам на учење на децата. Освен тоа во училиштето се организира посебна програма за учениците кои се запишани, но не зборуваат француски јазик.

Престижно образование

ЕФИС им овозможува на учениците да се развијат на привилегиран и позитивен начин. Успехот за нашите ученици е загарнтиран. Иновативните педагошки методи се насочени кон зацврстување на волјата и самодовербата на учениците, способноста за приспособување, размислување и прифаќање на другите.

Двојна мрежа за учење организирана на глобално ниво

ЕФИС е дел од мрежата АЕФЕ (Агенција за француско образование во странство) која овозможува обука на наставници, правење на проекти, акредитација и оценување на следењето на француската програма во француските училишта низ целиот свет. АЕФЕ е гаранција за успех на учениците од ЕФИС поради следењето на француската програма.
ЕФИС е исто така дел од групацијата ОДИСЕЈ предводена од поранешниот Министер за образование : г-динот Лук Шател. Така ЕФИС припаѓа на иновативна, организирана, структурирана група која е водач во проекти кои придонесуваат за одличниот успех на нашите ученици.