EFIS SKOPJE

Notre établissement 1

ЕФИС  е основано во 1999 година. Француското интернационално училиште во Скопје сега има 96 ученици (градинка и основно образование).

Училиштето е сместено во зграда  и се наоѓа во градска средина, близу до центарот на градот, во општина Карпош, каде се наоѓаат сите меѓународни училишта во Македонија и нуди погодни услови за развој и учење на секој ученик.

Училиштето има добра инфраструктура и  современа опрема.

Со својот динамичен и посветен наставен тим, училиштето се стреми на секој ученик да му понуди   добро знаење, вештини и образование кое е  отворено кон Европа и кон светот.

Тоа придонесува за ширење на францускиот јазик и култура во секуларна, повеќејазична и повеќекултурна  образовна рамка.

ЕФИС е акредитирано училиште од француското Министерство за образование до деветто одделение.

ПОВЕЌЕКУЛТУРНА
ОБРАЗОВНА РАМКА

Notre établissement

Француско образование во повеќејазична и повеќекултурна  динамика.

Од малата група во градинката до деветто одделение нашите  деца добиваат образование што ја следи училишната програма воспоставена од француското Министерство за  образование, по што се добива  „диплома за државна полуматура“.

Во моментов имаме 96 ученици на возраст од 2  до 15 години, кои се од повеќе нации (македонска, француска, белгиска, швајцарска, американска, италијанска, грчка, шпанска, украинска итн ).

Учениците се поделени во 9 мали одделенија и со тоа имаат одлични услови  за учење.

ЦИКЛУС 1

Градинка од 3 до 5 години : циклус на рано учење

Градинката спаѓа во „циклусот на рано учење“ затоа што учењето зависи од способностите на детето кое ќе стане ученик. Учењето почнува од 2 години.

Француските програми во градинка се развиваат во 5 домени :

  • Изучување на јазикот во сите негови димензии ( усно и писмено);
  • Изразување, делување и разбирање преку физички активности (спорт, игри, танц и сл.);
  • Изразување, делување и разбирање преку уметнички активности (сликање, цртање, пеење итн.);
  • Востановување на првите алатки за структуирање на размислувањето (броење, споредување, организирање, итн.);
  • Истражување на светот околу себе (откривање на науката, времето што поминува, светот околу нас, итн.).

ЦИКЛУС 2

Основен циклус на учења од прво до трето одделение

Овој цуклус почнува во прво одделение и продолжува во второ и трето.

Програмите од овој циклус се продолжение на градинката и изучувањето е организирано со следните предмети:

  • Француски;
  • Математика;
  • Англиски јазик;
  • Физичко и спортско образование;
  • Ликовно образование;
  • Морално и граѓанско образование;
  • Светот околу нас

ЦИКЛУС 3

Циклус на консолидација на знаењата  од четврто до шесто одделение

Третиот циклус ги опфаќа четврто, петто и шесто одделение и така ја опфаќа и предметната настава.

Предметите кои се изучуваат се:

  • Француски;
  • Математика;
  • Англиски јазик;
  • Физичко и спортско образование;
  • Ликовно образование;
  • Морално и граѓанско образование;
  • Историја и географија
  • Наука

Третиот циклус се поврзува со двете последни години од одделенската настава и првата година од предметната настава со акцент на педагошкиот континуитет и кохерентност во образованието со усвојување на заедничките критериуми за знаење, вештини и култура.

ПРЕДМЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ
ОД СЕДМО ДО ДЕВЕТТО
ОДДЕЛЕНИЕ

Шестото одделение има посебно место во овој циклус: со него учениците се приспособуваат на ритамот, организацијата и функционирањето во предметната настава и го продолжуваат образованието од четврто и петто одделение.

Оваа програма овозможува природно и прогресивно учење според дисциплините, на нивниот јазик, на нивните начини и на специфичните методи. Од поливалентен наставник кој работи на заедничките знаења по повеќе предмети и поврзува повеќе домени според  критериумите на знаење, до образование во шесто одделение со повеќе предметни наставници кои заеднички придонесуваат во стакнувањето на вештините одредени од критериумите на знаење,  благодарение на заедничките тематики и поврзаноста на предметите.

Основното образование-предметна наства  опфаќа 5  домени на вештини:

  • Јазик за размислување и комуникација (француски, странски и локални јазици, математички јазик, итн.);
  • Методи и алатки за учење (дигитални алатки, проекти, организација, итн.);
  • Формирање на личноста и граѓанската свест (формирање на вредности, живот во општеството, почит и сл.);
  • Природни науки и технички системи (наука, љубопитност, решавање проблеми, …);
  • Претставување на светот и на човековата активност (историја, култура, географија, итн..)