Обраќање на директорот
Од своите почетоци Француското интернационално училиште од Скопје постојано се развива.
Во градинка примаме деца од две години. Потоа децата може да го продолжат своето образование во нашето основно училиште до деветто одделение. Од оваа година предметната настава е акредитирана од Француското министерство за образование. Досега веќе неколку години училиштето беше акредитирано до петто одделение.
ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
ЕФИС е основано во 1999 година. Француското интернационално училиште во Скопје сега има 96 ученици (градинка и основно образование).
Училиштето е сместено во зграда и се наоѓа во градска средина, близу до центарот на градот, во општина Карпош, каде се наоѓаат сите меѓународни училишта во Македонија и нуди погодни услови за развој и учење на секој ученик.
ЗОШТО ЕФИС СКОПЈЕ ?
Препознатливо по својата образовна филозофија, ЕФИC е едно од најпрестижните француски училишта во Македонија, кое комбинира образовни стандарди и хармоничност.
Изборот да му се придружите на нашето училиште значи избор на меѓународно образование во кое се почитува француската образовна програма.
УЧИЛИШНА ГРУПАЦИЈА ODYSSEY
Одисеј е меѓународна групација за француско образование низ целиот свет која нуди од градинка до гимназија, одлично образование со француска програма, иновативна педагогија и меѓународна отвореност. Сместена во Париз, Групацијата Одисеј е формирана од специјалисти за образование кои создадоа нова образовна група која ги спојува француското и меѓународното образование.