Биби во француската градинка ЕФИС во Скопје

Нестрпливи дечиња кои веќе другаруваат со Биби вчера нè пречекаа во француската градинка ЕФИС во Скопје. Радосни ни раскажуваа што знаат за Биби, што им се допаѓа најмногу, што научиле од неа. Илустраторката Маја Џеповска им долови дел од магијата на создавањето анимиран лик. Децата беа пресреќни и заеднички проследивме дел од содржините на Биби.