Нашите ученици од предметната настава ја имаа таа чест, оваа учебна година, да ја започнат во современи нови простории. Нови училници, училлница по природни науки и училница каде се изучуваат странските јазици.Тоа им овозможува на нашите ученици и гимназијалци да ја следат наставата КНЕД во најдобри можни улсови, придружувани од г-ѓа Сузана Краљевска, одговорна за хуманистичките науки и од г-дин Рафаел Галвез одговорен за природните науки, како и професорите по англиски, македонски и германски јазик.
Програмата КНЕД овозможува учење на далечина преку која учениците ја следат француската образовна програма, призната од француската држава. КНЕД е коплетна, богата и амбиоциозна програма.
Овој начин на учење му овозможува на ЕФИС да ги придружува своите ученици кога некои од нивоата не се сеуште акредитирани.