Category Archives: Педагогија

Денови на наука во предметна настава

По повод Деновите на наука, нашите ученици ”хемичари” од предметна настава имаа можност да ја тестираат киселоста на супстанци од секојдневниот живот со помош на Лакмусова хартија по предметот Хемија.

Јога во градинка

Учениците од Средна и Голема група од Француската градинка посетуваат часови по Јога. Часовите по јога се прилагодени на нашите најмладии ученици па така на часот тие се запознаваат со техники за правилно дишење, како и вежби за подобрување на концентрацијата.

“Малиот крадец на зборови”

Активности околу книгата “Малиот крадец на зборови”. За тоа каква магија и моќ имаат зборовите разговараа учениците од второ одделение заедно со нивната професорка Гордана Јаневска.

Исцртување на вертикални и хоризонтални линии во Мала група

Учениците од Мала група учат да исцртуваат хоризонтални и вертикални линии со помош на темперни бои и играчка-кола. На тој начин, уште од најмала возраст кај децата се поттикнува развојот на фината моторика.