News

Шарлот Кадар – професорка по француски јазик во ЕФИС

Шарлот пристигна во нашето училиште во август минатата година. За работата во Француското интернационално училиште во Скопје таа вели:

“Целта на мојот престој е да откријам како функционира училиште кое има ученици од различни земји и како е да се работи со ученици на кои францускиот не им е мајчин јазик. Француското образование им дава можност на учениците да се отворат кон светот, да знаат јазик кој ќе им даде можност да патуваат и секакако да имаат пристап до француската култура и да се стекнат со образование кое ќе биде признато во ФРанција но и во други држави во светот каде што сме присутни.”