• +389 (0)2 3083-321
  • info@efis.mk
  • Str. Nikola Parapunov nu.19 Skopje 1000
  • Француска градинка

    ФРАНЦУСКА ГРАДИНКА- Француската градинка е создадена според педагошки модел, и не е од згрижувачки карактер. Таа ја претставува првата фаза т.н фаза на рано учење која им овозможува на учениците да ја изградат основата која понатаму ќе биде проширена во основното училиште и која ќе им овозможи пристап кон тријазичноста на крајот од Големата група.

    Нашата установа работи според официјалната програма на Министерството за образование на Франција. Како акредитирано училиште, таа е под надзор на инспекторот од зоната на Југоисточна Европа која ја надгледува примената на програмата и внимава на квалитетот на нашето образование.

    Градинката прима деца од 1 година и 8 месеци. Бројот на деца во секоја група е ограничен на 15 со еден професор и еден асистент кои се грижат за наставата, но и за хигиената. Ваквите неопходни услови за спроведување на програмата овозможуваат да се започне со раното учење по кое француската програма е препознатлива во светот.

    Децата-франкофони и оние кои не се можат да се запишат во нашата градинка на било која возраст.  Се работи индивидуално со цел децата побрзо да го совладаат францускиот јазик и на крај тие покажуваат одлични резултати.

    Програмата на француската градинка е составена од 5 домени:

    • француски јазик ;
    • социјализација или да се стане ученик ;
    • физичко воспитување;
    • математика или природа и општество ;
    • ликовно и музико воспитување.

    На овој линк може да ја консултирате  Bulletin Officiel spécial du 26 mars 2015  подетално програмата за градинката.