
Сузана е нашата професорка по француски јазик и историја-географија.
За нејзината работа со учениците во Француското интернационално училиште во Скопје вели:
“Наставата во нашето училиште се одвива на интерактивен начин. Се трудиме децата да истражуваат, да анализираат и на крајот да го претстават тоа што го истражиле. Но, секако многу значајно за нас е тоа да биде тимска работа.”