Обраќање на Директорот

Почитувани родители,

Од самиот почеток, Француското интернационално училиште од Скопје не престана да се развива.
 
Во градинка примаме децата од двегодишна возраст. Потоа, тие го продолжуваат своето образование во основното училиште. Сè до крајот на оваа учебна година 2020-2021 предметната настава се изведува преку КНЕД, но од 2021-2022 ќе се одвива директно во нашето училиште.
 
ЕФИС има за цел да му обезбеди на секој ученик алатки за да стане иден граѓанин. Ние сакаме да овозможиме училишниот успех да се поврзе со развојот на самостојната работа со цел да се оформат идни одговорни возрасни лица. Малата бројност на одделенијата во училиштето ја овозможува реализацијата ова барање за извонредност.
 
Ние ги комбиниравме вештините и знаењето од француските програми и развојот на француската култура притоа создавајќи врска со оваа прекрасна земја Македонија.
 
Покрај француските програми, ние развиваме и изучување на јазици како македонски и англиски јазик. Нашето мото е: “Едно училиште, три јазици.”
 
ЕФИС им овозможува на вашите деца да се стекнат со вредности на почит, солидарност, отвореност, работливост. На ова се додава и барањето за извонредност што ќе им овозможи на вашите деца да добијат идни француски дипломи признати низ целиот свет.
“Добродушност, високи стандарди, извонредност”: развивање на условите за постигнување на успех и развој на сите наши ученици без исклучок останува основа на нашето делување за да ги направиме нив идни граѓани на светот, слободни, исполнети и просветлени.
 
Пјер ЖИМЕНЕЗ
Директор на ЕФИС