• +389 (0)2 3083-321
  • info@efis.mk
  • Str. Nikola Parapunov nu.19 Skopje 1000
  • Одделенска настава

    ОСНОВО УЧИЛИШТЕ- Одделенска настава (од Прво до Петто одделение)

    Основното училиште прима деца на возраст од 6 до 11 години. Наставата е задолжителна за сите ученици и професори.

    Нашето училиште ја зема в предвид различноста , но исто така и способноста на секој ученик. Покрај на расудувањето и интелектуалната рефлексија се придава значење и на набљудувањето, истражувањето, смислата за уметност, моториката и спортот, но исто така и на креативноста.

    Наставата се одвива на француски јазик и е во согласност со програмата на Министерството за образование на Република Франција, но уште од градинка се дава приоритет на изучување на странските јазици со цел на децата уште од најмала возраст да им се отворат погледите кон светот.

    Затоа учениците задолжително го изучуваат три пати во неделата македонскиот јазик од страна на професор по македонски јазик.

    Почнувајќи од Средната Група се воведува и изучувањето на англискиот јазки, кое продолжува сè до крајот на основното образование.

    Она што е важно да се потенцира е исто така дека организираме и изучување на францускиот јазик како странски како поддршка и помош за учениците со македонски како мајчин јазик со цел лесно и успешно да влезат во светот на франкофонијата.

    ‚‚Кога едно дете нема да му се предава на мајчиниот јазик и ќе биде надвор од својата културна средина и ќе се најде во еден друг јазичен свет, тогаш тоа може да доживее неуспех‚‚. Затоа во нашата институција се работи доплнително на изучување на францускиот јазик, сè со цел полесно да се влезе во францускиот образовен систем.