News

Мира Атанасовска – професорка по англиски јазик во ЕФИС

Мира е нашата професорка по англиски јазик. Изучувањето на повеќе јазици е важно за нашите ученици затоа што им отвара повеќе можности за успех.

За работата со учениците во ЕФИС, Мира вели:

“Јас предавам на двојазични и повеќејазични ученици на кои јазикот не им е пречка, така да ми претставува задоволство да работам овде. Децата обожаваат да зборуваат англиски, некои некогаш ги мешаат јазиците, меѓутоа тоа е на многу мала возраст т.е во градинка, а понатаму тие зборуваат течно.” – вели таа.