News

Медина Сулимани – професорка/асистентка во Малата група во градинката на ЕФИС

Медина е професорка/асистентка во Малата група во градинката на ЕФИС. За неа предизвикот да се работи во училиште со европски услови е голем, затоа што ЕФИС ги подготвува своите ученици за големи успеси во иднина. 

“Образованието во ЕФИС е на високо професионално ниво. Секој ден за нас наставниците е голем предизвик, преку игра да ги научиме децата и да ги подготвиме за понатамошни големи успеси.” – вели Медина.