
Маја работи со децата од градинката од Прва мала и Мала група и за неа тоа е најинтересен предизвик,
“Најмалите ги воведуваме во социјалниот живот, така што ги учиме да се привикнат на градинката, новата средина, новите другарчиња, новите луѓе околу нив и со воведување на францускиот јазик. Изучувањето на јазикот се прави преку песнички, певливи стихотворби, игри, цртежи, боење и навистина сметам дека е голем предизвик да се работи со најмалите.” – вели Маја.