News

Марија Наумова – професорка во трето одделение

Марија е одговорна професорка за трето одделение во ЕФИС. За неа предавањето во трето одделение подразбира интегрирање на учениците во образовниот процес на француски јазик.

“Предизвикот да се работи во Француското интернационално училиште е тоа што многу често се среќаваме со деца кои што не се франкофони. Овие ученици треба брзо да ги интегрираме во одделението и во самиот образовен процес, а во тоа ни помагаат најновите педагошки методи кои секојдневно ги надоградуваме за децата што побрзо да го научат јазикот и да остваруваат успеси.” – додава Марија.