News

Колумна на Шарлот Кадар од ЕФИС: Поезијата како образовна алатка

Во француското Интернационално Училиште во Скопје – ЕФИС , поезијата се изучува од градинката па сè до крај на деветтото одделение.

Во градинката децата преку поезијата односно певливите стихотворби и кратките поезии го оформуваат и збогатуваат познавањето на говорниот јазикот.

Понатаму, како во градинката така и во основното училиште а особено од прво до трето одделение поезијата овозможува преку проучување на римите да се работи на фонологијата. Покрај тоа, учениците откриваат високо квалитетни текстови, во кои се употребува одлично јазично ниво, многу богат вокабулар, како и разни синтаксички форми.

Многу француски поети како Жак Превер, Морис Карем, Жак Шарпентро и многу други,  имаат напишано текстови наменети за најмладите, затоа е лесно да се изучуваат песни прилагодени на секоја возраст.

Преку ова учење, децата работат на меморирање, но исто така и на усното изразување   – рецитирање пред публика, говорење за да бидат разбрани а тоа се секако основните вештини што треба да ги стекнат за време на нивното школување и за нивниот иден  професионален живот.

За поголемите ученици, поезијата е можност да го проучат историскиот контекст за време на кој е напишана истата, како и уметниците кои се инспирирале од неа: Пол Елијар, на пример, ја напишал Либерте во превод значи Слобода во 1942 година, за време на Втората светска војната како порака на надежта. Илјадници примероци биле исфрлени со падобран на француско тло од страна на британските воздухопловни сили како знак на поддршка на Франција против окупацијата.

Учењето и памтењето на поезијата ја “отвора вратата” кон францускиот јазик и култура и овозможува да се создаде врска помеѓу различните училишни предмети. Ова целосно одговара на педагогијата што ја практикуваме во ЕФИС.

Liberté                                                                                     Слобода

…Et par le pouvoir d’un mot                                         …И со моќта на еден збор

Je recommence ma vie                                                    Пак го почнувам животот

Je suis né pour te connaitre                                         Роден сум да те запознаам

Pour te nommer                                                                И да те наречам

LIBERTE                                                                                   СЛОБОДА

Paul Eluard (recueil clandestin)                                 Пол Елијар (тајна збирка)

Шарлот Кадар

ЕФИС