Англиски јазик

Англискиот јазик се изучува интезивно  започнувајќи од Прво одделение, но претходно се воведува кај децата од Средна Група. Децата кои се на возраст помеѓу 4-5 години се сретнуваат со трет јазик, на почетокот преку песни, певливи стихотворби и игри, а потоа се изучува систематски. Пишаниот англиски јазик се воведува на крајот од Прво одделение и се продлабочува во погорните одделениа. Но целта на овие часови е да се развие говорниот англиски јазик.