News

Александра Ристовска – професорка во четврто одделение во ЕФИС

Александра е професорка во четврто одделение во ЕФИС. Таа своите знаења ги усовршила во Франција, по што се врати во С. Македонија за да пренесува вредности и знаeња кои ќе разбудат чувство кај децата да ја откриваат разноликоста на француската култура.

„ЕФИС дава можност и шанса учениците да успеат со нивно темпо да постигнат солидно ниво на француски јазик, за во иднина да се образуваат во француски училишта и универзитети. Затоа ние ги подготвуваме уште од мала возраст да бидат подготвени да студираат и живеат во Франција или во некоја друга франкофонска земја.“ – додава таа.